Јувентус со контраверзен гол подобар од Интер !

од Вести365.МК | А.П.

Јувентус го победи Интер со 1:0 на “Сан Сиро” во дербито на Италија, но оспоруваната ВАР одлука предизвика многу дискусии во италијанските медиуми. Филип Костиќ постигна убав гол во 23. минута, но екипата на Интер протестираше не за самиот гол, туку за самиот зачеток на акцијата кога Адриен Рабио веројатно играше со рака, а потоа одигра двојно проигрување со Влаховиќ, пред да го проигра Костиќ кој биеше прецизно од страна, и со оваа одлука судијата Даниеле Кифи ги оштетил. Во продолжението од натпреварот Интер не успеа да наметне свое темпо и да постигне барем израмнувачки гол, што значи дека останува на третото место со 50 поени, зад Лацио со 52 поени. Јувентус е на седмото место со 41 поен, бидејќи имаат -15 поени поради казната од страна на италијанската федерација.

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги „грмеше“ по судиите на теренот и во ВАР-собата по натпреварот.

“По натпреварот во Монца ветивме дека нема да зборуваме повеќе за судиите, иако бевме груби оштетени. Сепак, вечерва се случи нешто слично. Нема ни што да се коментира, играта со рака е 100% евидентна и акцијата е нерегуларна. Интер заслужува респект. Не можеме ниту нормално да зборуваме за натпреварот по една ваква грешка“, рече тренерот на Интер.

Вечерва на клупата на Јувентус за првпат седеше и поранешниот македонски репрезентативец Никола Секулов, кој се откажа од макеоднскиот дрес и го замени со италијанскиот. Масимилијано Алегри реши да го стави Секулов во тимот, откако гигантот од Торино има проблеми со многуте повредени играчи, па им недостасуваат седум играчи.

Слични објави