Јокиќ со четврти последователен трипл-дабл

од Вести365.МК Ј.Р.

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ го постигна четвртиот последователен трипл-дабл сезонава во НБА-лигата.

Србинот ноќеска во победата над Далас со 122:120, постигна 37 поени, 18 скока и 15 асистенции за 38 минути поминати на теренот.

Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 37 поени, 18 скока и 15 асистенции во еден натпревар.

Најдобар во гостинската екипа беше Кајри Ирвинг со 43 поени, пет скока и пет асистенции.

Денвер со биланс седум победи и три порази се наоѓа на 4.место во Западната конференција, додека Далас има пет победи и исто толку порази и е на 11. позиција.

Слични објави