Новак Ѓоковиќ забележа теска победа во прбото коло на АТП турнирот во Дубаи, откако го совлада Томаш Махач од Чешка во три сета. Ѓоковиќ, кој беше фаворит на натпреварот, доминираше во првиот сет со 6-3, но во вториот сет влезе во серија грешки и Махач го искористи тоа со брејк во вториот гем за да го освои сетот со истиот резултат. Сепак, Ѓоковиќ направи предност во одлучувачкиот сет со брејк во четвртиот гем, но Махач успеа да го израмни на 4-4. Натпреварот влезе во тај-брејк, каде што Ѓоковиќ ја покажа својата класа и со 7-1 го освои тај-брејкот и натпреварот. Во второто коло Ѓоковиќ се соочува со Грикспор од Холандија.
Ѓоковиќ потешко од очекувањата го мина првото коло на АТП турнирот во Дубаи
предходна објава