Три дена по страотниот масакр во белградското основно училиште во кој момче (13) уби чувар и осум ученици, сè повеќе има случаи во кои млади поседуваат оружје или упатуваат закани на социјалните мрежи.
Нелегално носење оружје
Во Врање полицијата поднесе кривична пријава против тинејџер (17) поради сомнение дека нелегално носел огнено оружје и поседувал експлозив.
Полициската управа соопшти дека по пријава на граѓанин извршиле претрес во куќата на младиот човек во Врањачка Бања и пронашле пиштол.
Се заканувал на соученичка
Вториот случај доаѓа од Књажевац кај Зајечар во источна Србија. Полицијата во петокот уапсила момче (15) поради основано сомнение дека сторило кривично дело загрозување на безбедноста, пишува онлајн порталот Зајечар.
Се сомничи дека на 3 мај испратил заканувачка порака до соученичка (15) по што таа го пријавила во полиција. Тој доби кривична пријава и е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Зајечар.
Се заканувал дека ќе го стори истото како и напаѓачот од Белград
Третиот случај е од Сремска Митровица. Полицијата приведе момче (14) поради сомнение дека сторило кривично дело загрозување на сигурноста.
Тој, наводно, на социјалните мрежи објавил фотографија од осомничениот за убиството на осум деца и чувар во основно училиште во Белград.
Заедно со фотографијата оставил порака дека ќе го направи истото како напаѓачот од белградското училиште, пренесува Нова.рс. Со кривична пријава е изведен пред судија за малолетници