Општина Кисела Вода го прославува патронатот „Ѓурѓовден”

од Вести365.МК Ј.Р.

Општина Кисела Вода денеска го прославува патрониот празник „Ѓурѓовден“. Како што соопшти Општината, на пладне пред Домот на култура „Билјана Беличанец“ ќе започне целодневно дружење кое предвидува содржини за сите возрасти.

Hастанот започнува со програма за најмладите која ќе ја отвори „Светот на Биби“, а потоа следуваат концертот на дечињата од фестивалот Поточиња и настап на танчерите од студиото за танц „Данса Латина Стефи“.

Bечерните часови продолжуваат во ведра атмосфера со станд ап шоуто на актерите Тино и Атанас. Веднаш потоа, до крајот на вечерта следува журка на Ди-џеј Напстер.

Слични објави