ФИА повторно е во центарот на вниманието после 4 саати по завршување на трката во Џеда ја измени одлуката и го врати јубилејниот трофеј на шпанецот Фернардо Алонсо.
Имено Фернандо Алонсо на денешната трка за Големата награда на Саудиска Арабија беше трет најбрз возач на патеката во Џеда и заврши зад двоецот на Ред Бул. Меѓутоа, на крајот на церемонијата во Саудиска Арабија, пристигна информација дека ќе добие казна од 10 секунди поради погрешно позиционирање на стартот. За време на трката Фернандо мораше да одработи казна од пет секунди, но по пријава на Мерцедес, утврдено е дека за време на оваа казна еден од механичарите бил многу блиску до задниот дел и првично се заклучи дека го допрел болидот и го прекршил правилото да не се допира болидот додека возачот отслужува казна, поради тоа, Алонсо заработи дополнителна нова суспензија од 10 секунди и го загуби третото место.
Најпосле, ФИА направи детален преглед и утврди дека пријавата на Мерцедес беше невалидна, бидејќи механичарот не воспоставил контакт со болидот на Шпанецот. Со ова, ФИА му го врати третото место на Алонсо, па така му беше вратен и 100-от подиум кој го оствари во кариерата. Во генералниот пласман, по првите две трки, лидер е Макс Верстапен со 44 бодови, пред Серхио Перез со 43 бодови, додека трет е Фернандо Алонсо со 30 бодови.