Возачот на Ферари, Шарл Леклер ќе мора да стартува 10 места подоле на стартот на Саудиското ГП кое ќе се одржи овој викенд, откако тимот на Ферари повторно мораше да ја менува електрониката на неговиот болид.
Леклер не ја заврши првата трка од сезоната во Бахреин, поради проблем со електронската контрола, а Ферари потврдија дека тој ја почна таа трка со втор електронски уред за контролаа (ЕЦУ) по проблемите на тренинзите. Ф1 правилата дозволуваат две промени на овој систем во текот на една сезона, така што на Леклер му следува казна поради третата промена.
„Тоа е нешто што не сме го искусиле во минатото и е надевам дека сега го имаме под контрола. Но, за жал, мора да имаме казна во Џеда“, потврди шефот на Ферари, Фред Васер.
Во Формула 1 шампионатот по втората трка Саудиска Арабија ГП, ќе следи трката за ГН на Австралија која е закажана за 2 април во Мелбурн.