Рожер Федерер пристигна во Њујорк за да испрати дел од четвртфиналните возбудувања на Ју-Ес Опен, а камерите посебно го забележаа во моментите кога го гледаше мечот меѓу Френсис Тиафо и Григор Димитров.

Федерер го доби најгласниот аплауз во четвртфиналето на Ју-Ес Опен
04/09/2024
11:02
19
Рожер Федерер пристигна во Њујорк за да испрати дел од четвртфиналните возбудувања на Ју-Ес Опен, а камерите посебно го забележаа во моментите кога го гледаше мечот меѓу Френсис Тиафо и Григор Димитров.
Бугаринот остана покус во уште една намера да дојде до финале на еден грен слем турнир и му предаде на Тиафо во четвртиот сет, па иако Американците имаат голема причина за славје, дефинитивно најгласни беа во ситуација кога на големиот екран беше покажан петкратниот шампион.
Федерер се најде во прв план и кај режисерот и доби стоечки овации од сите присутни на „Артур Еш“, па несомнено го собра најгласниот аплауз во четвртфиналето на Ју-Ес Опен.
Швајцарецот пет пати го освојуваше грен слемот во Њујорк и е последниот кој успеал да ја одбрани титулата на Флешинг Медоус, па поради тоа и сето она што го направи за тенисот во изминатите две децении, Рожер е миленик меѓу фановите и две години по пензионирањето.
Стоечките овации беа хајлајт на вечерта во Њујорк, а вести на денот беа и победите на Френсис Тиафо и Тејлор Фриц кои со своите изданија обезбедија сигурно место за еден Американец во финалето на Ју-Ес Опен после 18 години.