ФА Куп: Фулам со три црвени картони изгуби од Манчестер Јунајтед

од Вести365.МК | А.П.

Фулам беше на добар пат да го елиминира Манчестер Јунајтед во четвртфиналето на ФА Купот на „Олд Трафорд“. Александар Митровиќ донесе водство за Фулам во првото полувреме, но потоа гостите останаа со двајца играчи помалку во 71-та минута. Вилијан беше исклучен по контроверзната ситуација со рака, а Марко Силва и Митровиќ беа шокирани од одлуката. Митровиќ имаше нервозна реакција и го турна судијата Кавана, кој потоа го исклучи и него.

На 15 минути пред крајот, Фулам остана со девет играчи на теренот и без менаџерот на клупата. Бруно Фернандеш израмни на 1:1 со ударот од белата точка, а Јунајтед потоа режираше целосен пресврт со головите на Сабицер и вториот погодок на Бруно Фернандеш.

Манчестер Јунајтед со оваа победа се пласираше во полуфиналето од ФА Купот каде што ќе игра против Брајтон, во второто полуфинале ќе се сретнат Манчестер Сити и Шефилд.

Слични објави