Тен Хаг: Не размислувам за отказ, летото решивме да останеме заедно

од Вести365.МК Ј.Р.

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, одговори на прашање за негов евентуален отказ по вчерашниот пораз од Тотенхем (0:3) во натпреварот од 6. коло на Премиер лигата.

– Не размислувам за тоа. Во лето сите решивме да останеме заедно, косопственици и менаџмент. По јасна анализа, решивме што треба да подобриме како организација и како да изградиме тим. Сите одлуки ги носиме заедно, знаејќи дека ќе потрае некое време. Сите сме на иста бранова должина, во ист брод: сопственици, управа, персонал и играчи, изјави Тен Хаг за „The ​​Mirror“.

Тотенхем (10 бодови) се искачи на осмото место во Премиер лигата. Манчестер јунајтед (7) е 12-ти во поредокот.

Слични објави