Тенискиот свет во шок, Надал најави пензионирање во 2024!

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал денеска го потврди она што долго се шпекулираше во светските спортски медиуми. Тој ќе ги пропушти Ролан Гарос и Вимблдон, и најави крај на својата кариера. Надал, освојувач на 22 Грен слем трофеи, организираше прес-конференција со присуство на целото негово семејство и најави повеќемесечна пауза од тенисот.

Според изјавата на Надал, главната причина за неговото обраќање беше неговото отсуство од Ролан Гарос во Париз, кој нема да може да го игра. Тој изјави дека работел колку што можел, но не успеал да најде решение за проблемот и дека мора да паузира некое време. Не сака да предвидуваточни датуми за повратокот на тренинзите.

Изјавите на прес-конференцијата ги потврдија медиумските шпекулации за неговото отсуство на следните Грен слем турнири поради повреда. Дополнително, Надал најави дека ќе го пропушти и Вимблдон, што е секако голњмо изненадување и потврда на сериозноста на повредата.

Во текот на прес-конференцијата, Надал ја откри дека 2024 година може да биде последната година во неговата тениска кариера. И

– Има големи шанси 2024 година да биде мојата последна година на турнејата. Мојата мотивација е да се обидам да уживам и да се збогувам со сите турнири кои ми беа важни – изјави трофејниот Рафа.

Слични објави