Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски во спектакуларен меч го победи естонецот Данил Глинка со 3:6, 7:6 и 6:1 на турнирот во Кретеј, Франција, во еден од најголемите пресврти во историјата на македонскиот тенис.
Иако губеше со 3:6 и 1:5, Ивановски се врати со четири освоени гема и тај брејк. Во решавачкиот сет Калин, направи брејк и го доби сетот со 6:1.
Мечот траеше повеќе од два часа, а Калин ќе игра против подобриот од Тристан Ламасин и Давид Санчиз во четвртфиналето.
Според послениот АТП ранкинг Ивановски има нов напредок од 16 позиции и моментно е на 478 место со 84 поени, што е до сега негов најдобар ранкинг во кариерата.