По 13 години, Аријан Адеми, капитенот на Динамо Загреб, заминува од клубот. Адеми е рекордер по број на освоени трофеи и настапи во Европа, а во историјата на клубот е втор по број на одиграни мечеви. Испратен е со овации од загребчаните и скандирање на неговото име, кои му се поклонија на бескомпромисниот борец за Динамо. Популарните БББ го испратија со специјална кореографија и порака:
„373 пати срце на терен, капитену ти благодариме за се“
Динамо Загреб подготви специјален подарок-признание за Адеми дрес со бројот 373, кој го означува бројот на негови натпревари за „модрите“. Подарокот му го врачи претседателот на Динамо, Мирко Баришиќ, а подоцна му се заблагодари и претседателката на управата, Влатка Перас.