Севиља со нов тренер, Сампаоли сменет!

од Вести365.МК | А.П.

Шпанскиот прволигаш Севиља, објави дека Хозе Луис Мендилибар ќе биде нивниот нов тренер до крајот на сезоната со опција за продолжување на договорот. Мендилибар, кој има богато искуство како тренер, работеше последно во Алавес.

Раководството на Севиља ја донесе оваа одлука бидејќи има лоша сезона, земајќи во предвид дека имаат само 28 бодови и се наоѓаат на 14-то место во Примера.

Овој клуб имаше посериозни очекувања за сезонава, но екипата под водство на Хорхе Сампаоли не ги задоволи очекувањата да бидат дел од Лигата на шампионите или најмалку да се борат за излез во Европа. Затоа управата на Севиља одлучи да се збогува со Хорхе Сампаоли и на негово место го доведе Хозе Луис Мендилибар. 

Слични објави