СДСМ: Скопје е во хаос поради ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Заради неспособностa, неодговорностa и расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, шпицниот Мицкоски и градоначалничката Данела Арсовска, Град Скопје денес е во хаос, со блокирана сметка и пред банкрот, велат од СДСМ.

Потрошија над 100 милиони евра народни пари и го донесоа Скопје пред банкрот, а банкрот значи целосен распад на системот на Градот, нефункционални институции, уште полоши услуги за граѓаните и штрајкови и протести на градската администрација, додаваат тие.

Според нив Советот на Град Скопје мора да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за актуелната финансиска состојба на градот.

– Сите предуслови за одржување на таква седница се исполнети и претседателот на Советот, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ мора да ја закаже седницата. Граѓаните се разочарани од неспособната градска власт на ВМРО-ДПМНЕ кое го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.  Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт, стои во соопштението.

Слични објави