Светски рекорд на Дуплантис во скок со стап!

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис, го собори сопствениот светски рекорд во скок со стап на Олимписките игри во Париз.

Откако релативно лесно го обезбеди златниот медал, неверојатниот Швеѓанец продолжи сам да се бори со височината. Со целосна поддршка од полниот „Стад д Франс“, Дуплантис во својот трет и последен обид успеа да ја надмине летвичката со што постигна историја.

Претходно, сребрениот медал го освои Американецот Сем Кендрикс со прескокната височина од 5,95 метри, додека бронзата заврши на градите на Гркот Еманол Каралис, кој прескокна 5,90 метри.

Слични објави