Рудигер верува дека може да стане лидер на Реал

од Вести365.МК Ј.Р.

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Антонио Рудигер верува дека може да стане лидер на тимот по заминувањето на Лука Модриќ и Тони Крос. 

-Крос е уникатен и незаменлив играч. Модриќ е уште млад (се смее). Добро настапува и игра со енергија. Дали ќе можам да станам лидер откако ќе заминат? Мислам дека можам да го направам тоа, изјави Рудигер за „Ел Мундо“.

Заедно со Реал Мадрид, Крос четири пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати Ла Лига, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на УЕФА. Претходно играше и за Баерн Минхен и Баер Леверкузен. Тој најави дека ќе се пензионира по завршување на сезоната.

Договорот на Модриќ со Реал Мадрид истекува ова лето. 

Слични објави