Ролан Гарос: Ѓоковиќ експресно со 3:0 во третото коло, Алкараз го следи со 3:1!

На овогодишното издание на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ дојде до втората победа, победувајќи го Мартон Фучович со 3-0 во сетови. Во првиот сет, Ѓоковиќ се испоти и по голема борба го освои тајбрекот со 7-2, откако водеше со 4-1 во гејмови. Потоа, во вториот сет, славеше со 6-0, а во третиот победи со 6-3 за да се пласира во третото коло на турнирот. Неговиот следен ривал ќе биде Алехандро Давидович Фокина од Шпанија.

Додека пак првиот носител на Ролан Гарос, шпанецот Карлос Алкараз,го победи Таро Даниел со 3-1 во сетови и се пласираше во следното коло на турнирот. Иако го загуби вториот сет со 6-3, во останатите три сета Алкараз беше беспрекорен. Тој го доби првиот сет со 6-1, третиот со 6-1, а последниот четврти со 6-2. Во следното коло, Алкараз ќе игра против Шаповалов кој го победи Арналди со 3-1 во сетови.

Слични објави