Реал минимално против Гетафе, ги чува силите за среда!

Карло Анчелоти поштеди неколу стандардните фудбалери во стартната постава на Реал Мадрид во мечот против Хетафе, пред да се сретнат со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Така, Реал извади играчи кои поретко добиваат шанса, вклучувајќи го Еден Азар кој се најде во стартната постава по подолг период,. Иако Реал долго се мачеше против Хетафе, со влезот на Крос, Модриќ и Винисиус во вториот дел, тимот доминираше и успеа да постигне еден гол со помош на противникот, Асенсио стрелаше, за победа од 1:0.

Иако Реал не играше со сите свои сили, оваа победа беше добра подготовка за предстојното реванш полуфинале против Манчестер Сити.

Слични објави