На 10.03.2022 на Apple TV+, започна со прикажување новата серија : “Реал Мадрид: До Крај”. (“Real Madrid: Until The End”)
“Реал Мадрид: До Крај” е троделна документарна серија која , за прв пат до сега, оди зад кулисите со играчите и тренерите на Реал Мадрид. а во улога на домаќин е Дејвид Бекам. Документарната серија ја прикажува неверојатнита сезона 2021-2022 на Реал Мадрид, полна со драматични враќања и победи, и безброј херојства на теренот од страна на ветераните и новите играчи. Популарните “Лос Бланкоси” со неверојатна подршка на нивните фанови, одговорија на сите кои целата сезона гласно ја критикуваа нивната игра , успеваат преку незаборавните натпревари против тимови како Манчестер Сити, Челзи и Пари Сен Жермен на патот кон трофејот во Лигата на шампионите. да стигнат до еден од најневеројатните финиши во историјата на фудбалот, и во финалето ја освојуваат рекордната 14-та титула во Лигата на шампионите. Со овој триумф Реал Мадрид е најуспешниот клуб во европскиот фудбал со 14 трофеи во Лигата на шампионите.
Како протагонисти во серијата може да видиме бивши и сегашни играчи на Реал Мадрид, покрај легендата Дејвид Бекам кој не води низ целиот серијал, се појавуваат и актуелните играчи Лука Модриќ, Карим Бензема, Винициус Јуниор, Родриго и други.
Ако сакате да го гледате “Real Madrid: Until The End”, ќе мора да бидете претплатени на Apple TV+.
Документарната серија е продуцирана од WAKAI. Извршни продуценти: Дејвид Кинтана, Вирџинија Ацеро, Камила Родригез Бохоркез, Хорхе Кабрера како и самиот Реал Мадрид C.F.