ПСЖ по 11-ти пат елиминиран во Лигата на Шампионите

од admin_vesti365

Пари Сен Жермен по 11-ти пат испадна од трката по најпосакуваниот трофеј, оној од Лигата на шампионите.

Тимот кој сега го води Криштоф Галтие загуби во двомечот со Баерн Минхен и испадна во 1/8 финале.

На првата средба во Париз единствениот гол беше дело на поранешното дете на ПСЖ- Кингсли Коман, а во Минхен победникот го решија Ерик Шупо-Мотинг и Серж Гнабри.

Уште од 2011-та година кога емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани и неговиот фонд Qatar Sports Investments го купија ПСЖ, главна цел е еден ден да ја освојат Лигата на шампиони, за овој временски период клубот се закити со 10 шампионски титули во Лига 1 и освои 12 домашни Купови. Но фрустрацијата во клубот е голема што никако не успеваат да стигнат до највредниот европски трофеј.

2012/2013: Пораз од Барселона (2:2, 1:1) во 1/4 финале
2013/2014: Пораз од Челси (3:1, 0:2) во 1/4 финале
2014/2015: Пораз од Барселона (1:3, 0:2) во 1/4 финале
2015/2016: Пораз од Манчестер Сити (2:2, 0:1) испаднаа во 1/4 финале
2016/2017: Пораз од Барселона (4:0, 1:6) во 1/8 финале
2017/2018: Пораз од Реал Мадрид (1:3, 1:2) во 1/8 финале
2018/2019: Пораз од Манчестер Јунајтед (2:0, 1:3) во 1/8 финале
2019/2020: Пораз од Баерн Минехн во финале на Лига на шампиони 0:1
2020/2021: Пораз од Манчестер Сити (1:2, 0:2) во 1/2 полуфинале
2021/2022: Пораз од Реал Марид (1:0, 1:3) во 1/8 финале
2022/2023: Пораз од Баерн Минхен (0:1, 0:2) во 1/8 финале)

ПСЖ испаднал 5 пати во 1/8 финале на ЛШ, 4 пати во 1/4 финале на ЛШ, 1 во полуфинале и 1 поразен во финале. Управата досега сменила 7 тренери, а по вчерашниот пораз веќе на големо се зборува дека повторно на клупата би го вратиле германскиот тренер Томас Тухел.

Во вториот вчерашен меч во Лондон Милан одигра без голови со Тотенхем и благодарение на минималната победа од Милано со голот на Дијаз по пауза од цели 14 години ќе игра 1/4 финале во најелитното натпреварување. 

Први пласман во следната фаза обезбедија Бенфика и Челзи.

Следуваат уште 4 осминафинални пресметки следната недела.

Слични објави