ПСЖ многу потешко од очекувањата успеа да ја продолжи низата од четири последователни победи во Лига 1, откако го победи Брест со минимален резултат од 1-2 (1-1), а Меси и Мбапе повторно беа во главни улоги за тимот од Париз
Парижаните се фокусираа на домашниот шампионат откако пред три дена беа елиминирани од Лигата на шампионите од германскиот шампион Баерн Минхен.
Тренерот Галтие од првата минута го постави летното засилување Солер во стартната постава поради неколку повреди на играчи. Солер одговори со погодок за тимот во 37. минута, но Брест успеа да израмни на 1-1 пред крајот на полувремето. Во вториот дел, ПСЖ имаше иницијатива и го напаѓаше домашниот гол, а Мбапе во 91-та минута по асистенција на Меси го погоди голот за победата од 1-2.
Од денешната програма во Лига 1 се одигра уште еден натпревар, помеѓу екипите на Оксер и Рен кои ремизираа без голови 0-0.