Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството врши увид

од Вести365.МК Ј.Р.

Безживотно тело на млада жена вчера било пронајдено во Тетово, а на локацијата увид извршил дежурен јавен обвинител од тетовското Обвинителство.

Како што информираат од ОЈО Тетово увид бил извршен и во станот во кој таа престојувала, а кој бил изнајмен.

Според информациите од Обвинителството, се преземаат дејствија за испитување на причините за смртта.

„Првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело“,велат од ОЈО Тетово.

Телото на жената е дадено на обдукција, а Обвинителството врши распит на повеќе лица и се постапува за испитување на причините.

Слични објави