Во врска со тековната сезона, Небојша Човиќ, претседателот на коешаркарскиот клуб Црвена Звезда, ги изненади нивните приврзаници со неговите забелешки за резултатите на тимот. Овој петок, “црвено-белите” претрпеа пораз од Барселона со 85-79, што практично ги сведе шансите за ТОП 8 фазата во Евролигата на теорија. Човиќ рече дека тимот има најголема одговорност за неуспехот но иако имаат лоша сезона, се надеваат дека ќе го освојат првенството и другите два трофеи. Исто така, изјави дека се соочуваат со критики од страна на “лаици во вид на ѓубриња”, кои ги потценуваат поради нивната финансиска ситуација, но сепак не подлегнуваат на провокациите.
“Ние носиме најголема одговорност. Изгубивме голем број на натпревари на необичен начин. Кошмарна сезона, но сепак се држиме до целите што ги зацртавме. Освоивме еден, пред нас се уште два трофеи. Никогаш не се „палевме“ на Топ 8.” -порача Човиќ за РТС.
На екипата на Црвена Звезда и престојат уште неколку натпревари со Басконија, Валенсија, Асвел, Олимпијакос и Фенербахче, пред да заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата. Тие моментално се на 14-та позиција на табелата со скор од 12 победи и 17 загуби.