Премиер: Евертон се спаси, Лестер и Лидс во Чемпионшип!

Фудбалерите на Евертон остварија неверојатно значајна победа од 1-0 над Борнмаунт и го потврдија своето учество во Премиер лигата и во следната сезона. На екипата од Луверпул и беше доволна било каква победа, а „карамелите“ славеа со само еден постигнат погодок на мечот. Радоста за навивачите на Евертон пристигна во 57-мата. минута, кога Абдулаје Дукуре беше херојот на „карамелите“, репрезентативецот на Мали беше стрелец на еден од најважните голови за Евертон во последните неколку сезони,тој успеа да ја затресе мрежата, а минималната предност домаќините успеаја да ја сочуваат до самиот крај. Конечни 1-0 за Евертон и сигурно учество во Премиер лигата и следната сезона.

Екипата на Лестер Сити за жал не успеа да обезбеди опстанок, иако славеше победа на домашен терен против Вест Хем со 2-1. „Лисиците“ останаа без прволигашкиот статус поради победата на Евертон„Лисиците“ беа значително подобар противник на својот „Кинг Пауер“ и сосема заслужено славеа со 2-1, но сепак оваа победа се покажа како пирова. Харви Барнс беше стрелец на првиот гол за Лестер Сити во 28-та минута, а во второто полувреме на 2-0 зголеми Вут Фаес кој стрелаше во 62-та минута од натпреварот. Вест Хем успеа да постигне почесен гол во 79-та минута преку Форналс кој го постави и конечниот резултат, 2-1. Големо беше разочарувањето кај навивачите на Лестер кој се пресели во Чемпионшип. Екипата која беше шампион на Англија во сезоната 2015/16, сега ќе мора да замине еден ранг подолу, а „лисиците“ сигурно ќе пробаат уште веднаш да се вратат во елитата.

Сопатник на Лестер е и Лидс Јунајтед кој загуби на домашен терен од Тотенхем со 1-4 и ги загуби и онака малите шанси за опстанок. Хари Кејн го отвори резултатот уште во втората минута од натпреварот, а Тотенхем замина со минимална предност на паузата. Во вторите 45 минути Лидс се трудеше да направи пресврт и сензација, но Тотенхем покажа зошто е фаворит на овој дуел. Педро Поро го удвои водството на „петлите“ во 47-та минута, а потоа Лидс возврати со голот на Харисон во 67-та минута, намали на 1-2. Сепак, Тотенхем по само две минути, со вториот гол на Хари Кејн зголеми на 1-3, а точка на мечот стави Лукас Моура во 95-та минута. За Лидс Јунајтед завршува тригодишниот престој во Премиер лигата. Екипата на Саутемптон уште пред две кола ги загуби сите теоретски шанси за опстанок и „светците“ се третиот патник во Чемпионшип.

Слични објави