Првиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Андон Дончевски, се појави на тренинг и од фудбалерите доби дрес со неговото презиме

од Вести365.МК | Е.Д.

Првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Андон Дончевски денеска се појави на тренингот на фудбалерите кои се подготвуваат за квалификацискиот меч против Малта кој го играме во четврток.

„Јунаци, моја почит кон сите вас. Македонскиот фудбал го кренавте. Јас го почнав, тешко, меѓутоа знаев дека ќе дојде и генерација како вас“, им рече Дончевски на фудбалерите.

Капитенот Стефан Ристовски му подари дрес од македонската репрезентација на Дончевски со неговото презиме, а тој вети дека ќе го носи и ќе навива за нив.

https://www.facebook.com/watch/?v=519083566967599

Слични објави