По цели 12 години КОНЕЧНО за „Маѓар телеком“: 8 години затвор за директорите и останатите обвинети

од Вести365.МК Ј.Р.

Основниот кривичен суд Скопје денеска јавно ја објави првостепената пресуда за предметот со К.бр. 817/11 од Обвинителството означен како „Маѓар телеком“ против обвинетите А. И. С., Р. П. и З. К., на кои им се судеше во отсуство со оглед дека не беа достапни за органите на прогонот.

Во согласност со пресудата, обвинетите се огласени за виновни за кривичното дело несовесно работење во службата и се осудуваат на казни затвор од 8 години за секој од обвинетите.

Воедно, со пресудата обвинетите се задолжени солидарно да ја надоместат штетата од 67.407.760 денари на оштетената Република Северна Македонија, како и судските трошоци за постапката.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд Скопје.

Слични објави