Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Стив Кер, зборуваше за разликите и сличностите меѓу американските тимови од 2019 и 2023 година. Во 2019 година, Американците завршија на 7. место на Светското првенство, Кер тогаш беше помошник на селекторот Грег Попович.
– Се справивме со повреди, повредата на Џејсон Тејтум многу не хендикепира на тој турнир. Сегашниот тим е нешто сличен на тој тим. Во 2019 година имавме и млад ростер. Џејсон Тејтум и Џејлен Браун, тогаш почнуваа да се издигаат. Во исто време, имаше неколку ветерани: Харисон Барнс и Брук Лопез … Мејсон Пламли. Актуелниот ростер е повеќе фокусиран на комбинирана кошарка, додека пред четири години имавме повеќе момци кои можеа да освојуваат поени преку индивидуални акции. Но, она што е навистина уникатно за тимот на САД е тоа што секој пат имаме нов тим. Многу ѕвезди не играат, така што ние не сме единствениот тим што имал промена во составот. Да се тренира таков тим е предизвик, рече Кер.
На Светското првенство 2023 кое почна денес, САД се во групата-Ц заедно со Грција, Јордан и Нов Зеланд
Денешниот ден е историски за светската кошарка и историски за кошарката на Филипини. Соборен е рекордот на Светските првенства по бројот на гледачи на еден натпрвар, но домашната селекција на Филипини не успеа да го зачини рекордот со победа.
Забавата во Манила ја расипа селекцијата на Доминиканска Република, која извојува победа од 87-81. Кларксон одигра феноменална партија и запиша 28 поени, 7 скока и 7 асистенции, но и тоа не беше доволно за победа на домашнаѕа репрезентација. Во Доминикана блесна Карл-Ентони Таунс со 26 поени и 10 скока.
Германија како на тренинг се загреа и ја совлада домашната Јапонија со 81-63. Вагнер беше најефикасен кај Германците со 25 поени, а Ватанабе во редовите на Јапонија заврши со 20 поени.
Денешното прво коло го затвораат Франција и Канада, кои го играат дербито на денот.