Почина Ози Озборн – Принцот на темнината

од Вести365.МК Ј.Р.

Џон Мајкл Озборн, попознат како Ози Озборн или Принцот на темнината, почина на 76-годишна возраст, што е голема загуба за музичкиот свет бидејќи тој е сè уште еден од најпознатите рок фронтмени на сите времиња.

„Со поголема тага отколку што можат да изразат зборовите, мора да ве информираме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше со своето семејство и опкружен со љубов. Ве молиме сите да ја почитувате нашата приватност во овој момент“, се вели во соопштението на неговото семејство.

Не е наведена причина за смртта, иако Озборн имаше сериозни здравствени проблеми во последните години.

Слични објави