Почина Квинси Џонс, човекот кој соработуваше со Френк Синатра, Реј Чарлс и Мајкл Џексон

од Вести365.МК | М.Т.

Музичкиот продуцент и композитор Квинси Џонс почина на 92-годишна возраст, соопшти неговиот публицист Арнолд Робинсон.

Музичарот починал во својот дом во Бел Ер, опкружен со членови на семејството.

„Вечерва, со полни, но скршени срца, мораме да ја објавиме смртта на нашиот татко и брат, Квинси Џонс. Иако ова е неверојатна загуба за нашето семејство, го славиме прекрасниот живот што тој го живееше, знаејќи дека никогаш нема да има друг како него“, се наведува во соопштението.

„Тој беше навистина уникатен и многу ќе ни недостига; наоѓаме утеха и неверојатна гордост во сознанието дека љубовта и радоста што беа во суштината на неговото битие беа споделени со светот низ сето она што тој го создаде. Срцето на Квинси Џонс ќе чука за цела вечност низ неговата музика и безгранична љубов“, додаваат членовите на семејството на музичарот, објави „Варајети“.

Џонс важеше за еден од најголемите умови во историјата на музиката и телевизијата, а најпознат е по неговата работа со Френк Синатра, Реј Чарлс и Мајкл Џексон, за кои го продуцираше познатиот албум „Thriller“ во 1982 година.

Слични објави