Потрес во Баерн: Нагелсман сменет, се чека промоција на Тухел

од Вести365.МК | А.П.

Ексклузивната вест за вонреден состанок на водечките луѓе на Баерн Минхен, на кој Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ одлучиле дека е време да се разделат со Јулијан Нагелсман, беше пренесена од угледниот „Билд“. Раководството на клубот реши да му даде отказ на младиот тренер поради губењето на првото место во Бундеслигата и поради киксовите оваа сезона.

Иако има добри резултати во Лигата на шампионите и пласман во четвртфиналето, Баерн ќе го заврши оваа сезона со друг тренер, а тоа е Томас Тухел. „Билд“ откри дека Тухел веќе е договорен како замена за Нагелсман, а тој ќе биде официјално потврден како нов тренер на Баерн Минхен уште во текот на утрешниот ден.

Тухел ја освои титулата во Лигата на шампионите со Челси во идентична ситуација како сега, кога го презема тимот среде сезона, а потоа заработи отказ во месец септември.

Слични објави