По неверството и јавниот развод од Душко Тошиќ кој траеше со години, Јелена Карлеуша повторно ужива во љубовта – таа е во врска со кошаркарот Никола Јовановиќ, кој е 16 години помлад од неа.
Српските медиуми подолго време шпекулираа дека Јелена Карлеуша има нов дечко и дека станува збор за младиот кошаркар.
Па откако со месеци се нагаѓаше дали таа и Никола се гледаат, во една пригода ја прашаа дали ѝ е тој дечко.
Во тоа време Карлеуша кажа дека се само пријатели, но и дека би било интересно новинарите да го најдат него и да го прашаат за нивната врска.
Сега, во гостување во подкаст кај Бојан Јовановски, таа ја потврди врската со младиот спортист.
„Никола не сака да е дел од јавниот свет и секогаш кога ќе се спомене неговото име тој доживува стрес.
Тој е големо момче во секоја смисла, но би ја почитувала неговата одлука да е подалеку од рефлекторите.
Прекрасен дечко е и поминувам убави моменти со него. Има преку два метри, аватар е, огромен е“ – рекла Јелена.
Никола е српски кошаркар кој игра на позициите крилен центар и центар.
На Инстаграм не е многу активен и најчесто објавува професионални фотки, но тука има и по некоја фотографија од времето кога живееше во САД, како и фотки од теретана, но и покрај базен/на плажа, на кои се гледа неговото извајано тело.
