Полска: Германија да ни плати 1,53 трилиони долари

Полската влада усвои резолуција за потребата од решавање на прашањето за репарации, компензација.

Резолуцијата се однесува на загубите што ги претрпела Полска поради германскиот напад врз Полска во 1939 година и подоцна за време на германската окупација, соопшти кабинетот на премиерот во Варшава.

Резолуцијата на Советот на министри формално потврдува дека ниту за време на Народна Република Полска, ниту по стекнувањето на суверенитетот во 1989 година, прашањето за репарации, компензација, обесштетување и други облици на надомест на штетата предизвикана на Полска и на Полјаците во текот на Втората светска војна не беше затворена, се вели во соопштението.

Документот е правен акт обврзувачки за другите органи, кој го потврдува недостатокот на регулатива во форма на меѓународен договор меѓу Република Полска и Сојузна Република Германија, прашањето за надомест на штета и штетата предизвикана од Германија во текот на Втората светска војна, како и потребата од склучување таков договор“, се додава во соопштението на Владата.

Како што се додава, полската влада на 1 септември 2022 година објави „Извештај за претрпените загуби од Полска како резултат на германската агресија и окупација за време на Втората светска војна 1939-1945 година“, кој ги опфати сите аспекти: човечки, финансиски , материјално, загуба на културно наследство и воени штети. Вкупната вредност на загубите е проценета на 6,22 трилиони злоти или 1,53 трилиони долари.

Резолуцијата ќе помогне дефинитивно да се прекинат дискусиите за наводното откажување на Полска од германските репарации и компензации, се заклучува во соопштението.

Слични објави