Пендаровски е должен да стави вето на законот, повика Платформата на граѓански организации за борба против корупција

Платформата нагласува дека има две причини зошто претседателот Пендаровски има должност да го искористи ветото. Првата причина е дека со измените на членовите 353 и 353-в, предложеното намалување на казните ќе резултира со:Застарување на многу случаи од висок профил како Титаник, Таргет/Тврдина, ТНТ, Титаник 2, Трезор, Талир, Шпански скали и Траекторија, како и други случаи од понизок профил. Ќе ја урниса довербата дека борбата против корупцијата е можна, и ќе ги демотивира граѓаните да пријавуваат корупција Ќе ја намали превентивната функција на системот на кривична правда.

Втората причина, нагласуваат од Платформата, е поврзана со процедуралните недоследности, во кои измените на овие два члена се разгледувани со специјална и кратка процедура под капата на европско знаменце, иако според постоечките кореспондентни табели не се усогласуваат со европското право. На тој начин, наведува организацијата, се изигруваат скратените процедури и Собранието не ја исполнува својата должност на делиберација по нормите кои ги носи. Од Платформата нагласуваат дека претставниците на граѓанските организации – членки доставија и официјално писмено барање до претседателот Пендаровски

Слични објави