Очај на ПСЖ, овојпат поразен од Рен !

од Вести365.МК | А.П.

Пари Сен Жермен денес им приреди уште едно разочарување на своите фанови откако Рен на ,,Паркот на Принцовите” славеше победа од 0:2.

ПСЖ е сигурен лидер во Лига 1 и најверојатно лесно ќе ја освои титулата во недостиг на вистинска конкуренција, но јасно е дека тимот од француската престолнина игра доста лош фудбал, Баерн Минхен го покажа недостатокот на ПСЖ во Европа, а денеска нивната несреќа продолжи и во домашното првенство.

Мечот почна со голема шанса за ПСЖ, но Килијан Мбапе не успеа да реализира, потоа Рен ја искористи својата цврста и ефикасна игра и постигна гол во најдобар момент пред крајот на првото полувреме и потоа следеше втор гол веднаш на почетокот на второто полувреме. Нервозата на Ал Келаифи и Луис Кампос беше јасно видлива откако Рен го погоди вториот гол.

Слични објави