ОФИЦИЈАЛНО ОДБИЕН – Џоковиќ не може да оди во САД

од Вести365.МК Ј.Р.

Американските власти одбија да му дозволат на Новак Џоковиќ да влезе во САД бидејќи не бил вакциниран.

Тенисерот број еден во светот и официјално се повлече од ждрепката за Мастерс турнирот во Индијан Велс

Џоковиќ се повлече бидејќи во Соединетите Држави се уште е на сила одлуката странците кои не се вакцинирани против корона вирусот да не можат да влезат во таа земја.

Србинот, кој е еден од најистакнатите спортисти кои не се вакцинирани против вирусот, минатиот месец поднел барање до американската влада за специјална дозвола за настап на АТП Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами, објави Ројтерс. Турнирот во Индијан Велс ќе започне денеска и ќе трае до 19 март

Слични објави