Утрово жителите на белградската населба Лабудово брдо снимија несекојдневна сцена , видеото веднаш почна да се шири на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како прасињата ноншалантно се шетаат по асфалтот, целосно опуштени, не грижејќи се за луѓето околу нив.
Видеото е објавено на мрежата Тик Ток со тврдење дека е создадено во Белград, општина Раковица.
Според законот, во централните белградски општини е забрането да се чуваат домашни животни, но има исклучоци, па на Звездара може да се чуваат свињи, а на Палилула и Чукарица кокошки!