Гори Сибир, прогласена е вонредна состојба

од Вести365.МК Ј.Р.

Властите на далечниот исток на Русија прогласија вонредна состојба поради шумските пожари кои се шират поради екстремни жештини и грмотевици.

Гувернерот на Јакутија Ајсен Николаев на „Телеграм“ напиша дека пожарите се активни на повеќе од 110 локации и дека зафаќаат површина од околу 61.000 хектари, што е околу три четвртини од областа на Њујорк.

Жештините се интензивни во последните неколку дена, но има и невреме со грмотевици, поради што ситуацијата е сложена“, рече Николајев.

Агенцијата Интерфакс јави дека во гаснењето на пожарот се вклучени 620 пожарникари и 33 возила, а поддршка даваат и противпожарни авиони, пишува Ројтерс.

Според извештајот на Интерфакс, пожарите во моментов не претставуваат закана за населените места.

Шумските пожари се поинтензивни во Русија во последните години, поради климатските промени кои доведоа до невообичаено високи температури во Сибир.

Слични објави