НЕОБИЧНА ВРСКА: „Имам 42 години и се заљубив во пријателот на мојот син“

од Вести365.МК Ј.Р.

Тања и Жозу ја започнаа својата врска пред три години, кога таа имаше 39, а тој 21. Двојката се запознала во 2018 година кога Тања ги однела своите синови, кои тогаш имале 12 и 14 години, во куќата на Жозу за да играат видео игри, пренесува The Sun. Овој необичен пар се венча минатото лето и покрај тоа што луѓето се заканија дека ќе се јават во социјалните служби поради нивната врска. Ваквите критики воопшто не ги засегаат, бидејќи на социјалните мрежи редовно објавуваат видеа на кои се бакнуваат и гушкаат.

Тања е обвинета дека го намамила младиот Жозу и дека бил премлад кога стапил во врска со неа и не знаел што прави. Но, оваа 42-годишна жена им одговори: „Не намамив никого во оваа врска. Жозу е возрасен и беше возрасен кога првпат се запознавме. Тој може сам да одлучи“. Имаше и такви кои го обвинуваат дека само ја искористил Тања за да има „покрив над главата“ и дека таа е неговата „шеќерна мајка“, додека нејзините синови веројатно умираат од срам поради необичната врска на нивната мајка. Тања им рече на овие луѓе: „Нивното мислење не влијае на нас. Ќе бидеме заедно сакале вие или не“.

Иако жестоко ја брани врската со младиот човек, Тања признава дека нејзините синови на почетокот се чувствувале чудно за нејзината нова врска и не ја прифатиле, но таа тврди дека со текот на времето го прифатиле Жозу како нејзин дечко. Таа исто така додава дека Жозу е како друг брат на нејзините синови и дека тие одлично се согласуваат.

Жозу сонува еден ден да стане успешен музичар за да може на своето ново семејство да му обезбеди стабилен и богат живот. Тој рече: „Сакам да бидам очув. Имам навистина добра врска со момците. На почетокот беше непријатно, но сега е сосема нормално. Тие засекогаш ќе бидат мои бебиња“. Двојката живее заедно во Охајо, САД со четирите деца на Тања, а Жосу работи во фабрика за да го издржува семејството.

Тања е навикната луѓето да мислат дека Жосу е нејзиниот син, но на Тик Ток изјави дека тие се само љубоморни на тоа колку е заљубена. Згора на тоа, оваа мајка е навикната и помладите девојки да покажуваат интерес за нејзиниот маж – толку многу што го користи тоа во своја полза. Тања редовно го праќа Жозу во Старбакс да флертува со келнерките за да добие бесплатно кафе.

Слични објави