НБА: Јокиќ маестрален за 1:0!

Екипата на Денвер гНагетс го доби првиот меч од серијата против ЛА Лејкерс во финалето од Западната конференција во НБА со резултат 132-126.

Фантастичниот Никола Јокиќ беше најдобриот играч на натпреварот и потврди дека е најдобар играч во светот. Денвер започна со плус 16 поени во првата четвртина и на крајот ја однесе победа без изненадувања. Јокиќ имаше трипл-дабл со 23 поени, 17 скока и 11 асистенции, што беше неговиот шести трипл-дабл во плејофот  сезонава и сега му недостасува само уште еден за да се израмни со легендарниот Вилт Чемберлен, кој во 1967 година во доигрувањето одиграл седум средби со ваков ефект..

Лејкерси успеаа да го намалат негативниот резултат, во завршница стигнаа на само три поени негатива (121-124 и 126-129). Но, сепак, домаќинот не дозволи да ја прокоцка предноста која ја создаваше цел меч и на крајот успеаа да победи и поведе со 1-0 во серијата подобар од седум.. Покрај маестралниот Јокиќ, кај Денвер одличен беше и Џемал Мари со 31 поени. Кај Лејкерс, најдобар беше Ентони Дејвис со 40 поени и 10 скока, а зад него беше ветеранот Леброн Џејмс со 26 поени, 12 скока и девет асистенции. Следната средба повторно се игра во Колорадо.

Слични објави