НБА: Шоу на Јокиќ со нов трипл-дабл

од Вести365.МК | А.П.

Никола Јокиќ имаше фантастичен настап и го водеше својот тим до победата. На полувреме, Денвер имаше водство од 15 поени (63:48), кое потоа се зголеми на 20 поени во текот на третата четвртина (91:71). Денвер го контролираше резултатот од самото почеток, во мечот против Бруклин, кој заврши со победа на Денвер од 108:102.

Во вториот дел Денвер ги одмараше првотимците, но резервистите не успеаа да го одржат високото водство., па екипата на Бруклин успеа да се приближи на 7 поени разлика (93:100), па најдобрите играчи на Денвер повторно мораа да влезат во игра за да го обезбедат победата.

Јокиќ го имаше еден од најдобрите настапи во својата кариера, со трипл-дабл од 22 поени, 17 скока и 10 асистенции. Србинот беше речиси безгрешен во шутот, со погоденост од 75% (9/12), а и ги погоди сите четири слободни фрлања, додека Бриџис беше прво име кај поразениот Бруклин со 23 поени.

Во мечевите кои се одиграа вечерва, Оклахома го победи Феникс со 124:120, а Сан Антонио беше подобар од Атланта со 126:118.

Слични објави