На 100-годишна возраст почина Присила Поинтер, ѕвездата од култната серија „Далас“

од Вести365.МК Ј.Р.

Американската актерка Присила Поинтер почина на 100-годишна возраст.

Веста за смртта на ѕвездата од „Далас“ Присила Поинтер ја објави нејзината ќерка, актерката Ејми Ирвинг, која беше во брак со Стивен Спилберг

„Присила Поинтер, позната телевизиска и филмска актерка и мајка на Дејвид, Кејти и Ејми Ирвинг, почина мирно во сон на 100-годишна возраст, надевајќи се дека ќе „отрча“ кај своите двајца обожавани сопрузи и нејзините бројни кучиња. Дефинитивно ќе ни недостига“, објави нејзината ќерка, исто така актерка, Ејми Ирвинг, која беше во брак со Стивен Спилберг од 1985 до 1989 година.

Присила почина пред нејзиниот роденден на 18 мај, а ќе наполнеше 101 година.

Нејзиниот син Дејвид рече дека неговата мајка ги поминала последните денови во дом за стари лица во Риџфилд, Конектикат.

Американската ѕвезда ја започна својата кариера на сцената во 1940-тите, со улоги во сериите „Трамвај наречен желба“, „Селска жена“ и „Осудени од Алтона“. Нејзината прва филмска улога беше во култниот хорор филм „Кери“ од 1976 година, во кој ја играше Елеонор Снел.

Таа, исто така, имаше голем број значајни улоги во класични филмови, како што се „Зоната на самракот: Филмот“, „Кошмар на улицата Елм 3“, „Синиот сомот“, „Инферно“ и „Најдрага мама“.

Сепак, една од нејзините најпознати улоги беше онаа на Ребека Барнс Вентворт во американската серија „Далас“. Таа ја презеде улогата од 1981 до 1983 година.

Актерката беше мажена двапати – прво со американскиот режисер Џулс Ирвинг од 1947 година до неговата смрт во 1979 година.

По смртта на Џулс Ирвин во 1979 година, Присила се омажи за актерот Роберт Симондс една година подоцна. Роберт почина во 2007 година на 80-годишна возраст од компликации поврзани со рак на простата.

Слични објави