На „Ролан Гарос“ поставен рекорд

од Вести365.МК Ј.Р.

На Грен слемот „Ролан Гарос“ е поставен рекорд по одигрувањето на натпреварите во првото коло. Почетната рунда на Отвореното првенство во Франција донесе 21 натпревар во пет сета. Ова е рекорд на Опен ерата на сите досегашни Грен слем турнири. На првиот натпреварувачки ден имаше пет натпревари во пет сета, на вториот седум, а вчера девет меча добија победник по петтиот сет. Првото коло на „Ролан Гарос“ почна во неделата. Турнирот ќе трае до 11 јуни.

Слични објави