На Барселона и се заканува исфрлање од европските натпреварувања!

од Вести365.МК Ј.Р.

Каталонскиот тим е обвинет за корупција и мито, во кои се вмешани поранешниот судија Хозе Марија Енрикез Негреира. Судот во Барселона вчера објави дека поранешните функционери на клубот, Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу, како и поранешните извршни директори Алберт Солер и Оскар Грау заедно со Негреира се обвинети за „корупција“ и лажна документација.

Токму поради ова Барселона би можела да добие дополнителна казна доколку се вклучи и УЕФА. „Марка“ вели дека УЕФА добро ќе ја анализира целата ситуација и ако утврди дека е нарушен угледот на европскиот клупски фудбал во тој случај ќе следи суспензија.

Ова значи дека со цврсти докази, Барса ќе биде исфрлена од Лигата на шампиони, Европската лига и Конференциската лига во период од две до пет години, во зависност од целиот расплет.

УЕФА ќе се води според челн 4, кој вели дека клубовите кои се поврзани со корупција или нешто друго, што е спротивно на законите на УЕФА, ќе значи санкција.

Минатата недела челниците на европската куќа на фудбалот побарале целосна документација за овој случај.

Слични објави