Најскапиот трансфер во историјата на Премиер Лигата: Белингам во јуни потпишува за Манчестер Јунајтед за 125 милиони евра!

од Вести365.МК Ј.Р.

Не во Реал Мадрид, не во Манчестер Сити, Ливерпул или Челзи, уште помалку во ПСЖ, туку во Манчестер Јунајтед. Имено како што денеска објавуваат медиумите во Германија и Англија, Џад Белингам (19) веќе одбрал, а тоа е Јунајтед. Англискиот репрезентативец се враќа дома, а Борусија Дормунд, како отштета ќе добие неверојатни 125 милиони евра. И со оваа сума Белингам ќе биде најскапиот фудбалер, или трансферот на Белингам ќе биде најскапиот во историјата на Премиерлигата.

Познато е дека засега рекордот го држи Енцио Фернандез, кој пред два месеци од Бенфика се пресели во Челзи за 121 милиони евра.

Слични објави