На вчерашниот дуел со Кремонезе, Жозе Мурињо по третпат оваа сезона доби црвен картон, а денеска експресно му беше одредена и казната.
Мурињо е казнет со суспензија од два натпревари поради вербалниот дуел кој го имаше со четвртиот судијата по што му беше покажан црвен картон.
Тоа значи дека Мурињо нема да биде на клупата за мечот против Јувентус на Олимпико во идното коло.
Вториот натпревар кој ќе го пропушти е дуелот со Сасуоло на 12. март.