Сега веќе починатиот актер Метју Пери се прослави со улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, а веста за неговата смрт беше особено трогателна за неговите колеги од ова легендарно остварување.
Тие тогаш нагласија дека се како семејство, и дека „изгубиле брат со неговото заминување“.
Лиса Кадроу, која ја глумеше Фиби Буфе во „Пријатели“, неодамна откри дека дури неодамна открила порака што ѝ ја оставил Метју по завршувањето на серијата.
Имено, тој на својата колешка ѝ подарил тегла за колачиња од времето кога се снимала последната епизода, а во неа имало порака.
„Метју ми ја даде на крајот од нашата последна снимена епизода, а неодамна најдов порака во неа што беше наменета за мене. Не ја отворив ниту погледнав внатре. Но, да, имаше порака внатре и јас целосно заборавив на тоа. „За сè има вистински момент“, рекла таа во шоуто на Дру Баримор, пренесува Си-Ен-Ен.
Пери почина на 28 октомври 2023 година на 54 години од предозирање со кетамин. Пет лица, од кои двајца лекари, асистентот на Пери, ТВ-продуцент и жена наречена „кралица на кетаминот“, беа уапсени и обвинети дека го снабдувале Пери со лекови, што довело до неговото фатално предозирање.