Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон државата, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите.
Тој посочи дека уште се враќаат долгови направени за време на минатата власт и дека ова не е момент за нови, предвремени избори.
-Треба да се враќаат милијарди долгови направени од владеењето на СДСМ, уште за време на короната во Македонија, рече премиерот на денешниот брифинг.