Македонија со победа против репрезентацијата на Малта 2-1 ги започна квалификациите за Европското првенство во Германија 2024, следно за националниот тим е пријателскиот дуел против Фарски Острови закажан за 27-ми март во Скопје.
Селекторот Благоја Милевски за новиот тест нема да може да смета покрај на стандардните Столе Димитриевски, Висар Муслиу, и на Ѓоко Зајков кој се повреди на синоќешниот натпревар со Малта.
Милевски се реши да повика уште еден нов играч на местото на Зајков во одбраната, а тоа е членот на Адана Демирспор, Јован Манев.