Милвоки ќе го именува Док Риверс за главен тренер

од Вести365.МК Ј.Р.

Док Риверс ќе биде нов тренер на Милвоки бакс, објави „CNN“. Оваа информација ја дистрибуираат и „TNT“ и „NBA TV“. Други потврди се уште нема.

Клубот од државата Висконис во вторникот го отпушти дебитантскиот тренер Адријан Грифин по 43 натпревари на чело на тимот. Под негово водство Бакс имаа биланс 30-13 (победи-порази). Беше забележано дека ветераните на тимот „изгубиле верба“ во Грифин.

Риверс, откако беше отпуштен од Филаделфија, ја започна сезоната 2023/24 како телевизиски аналитичар. 

Слични објави